Мбапе се изненади кога ја виде својата восочна фигура: „Тоа сум јас“! (ВИДЕО)

March 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе се изненади кога ја виде својата восочна фигура: „Тоа сум јас“! (ВИДЕО)

Фудбалскиот мајстор Килијан Мбапе остана без зборови кога се соочи со својата двојничка – восочната фигура што ќе го краси славниот музеј „Мадам Тисо“ во Лондон. При првиот поглед, ѕвездата на Реал Мадрид прво се насмевна, а потоа, со воодушевување и неверување, прошепоти: „Тоа сум јас.“ Фигурата е ремек-дело на уметноста и прецизноста, фаќајќи ги сите детали – од неговиот препознатлив изглед до карактеристичниот израз на лицето. Официјалната премиера ќе се случи на 4-ти април, а музејот приреди посебно изненадување за најмладите фанови – сите деца и тинејџери до 16 години кои ќе носат дрес на Мбапе ќе можат бесплатно да го посетат музејот и да се фотографираат со својата фудбалска икона… или барем со нејзината совршена копија!

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.