Мбапе се меша во политика: Не треба да гласате за екстремистите!

June 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе се меша во политика: Не треба да гласате за екстремистите!

Франција вечерва го игра својот прв дуел на Европското првенство, а ривалот е Австрија. Мбапе привлече внимание со неговите политички изјави каде рече дека е штетно и не треба да се гласа за десницата во Франција и дури ако победат, индиректно најавува дека можеби и нема да го носи францускиот дрес. „Мислам дека се наоѓаме во важен момент во историјата на нашата земја. Затоа сакам да испратам порака до сите Французи, а посебно кон помладите генерации. Мислам дека може да направиме разлика. Јасно се гледа дека екстремисти се блиску до власта и имаме шанса да го промениме тоа. Не сакам да играм за држава која не ги претставува моите вредности“, кажа Мбапе. Франција е во група со Австрија, Холандија и Полска, а се дел од групата Д.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.