Мбапе со два гола го водеше Реал до нова победа, ВАР во центарот на вниманието (ВИДЕО)

August 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе со два гола го водеше Реал до нова победа, ВАР во центарот на вниманието (ВИДЕО)

Реал Мадрид продолжи со максимален ефект на стартот од новата сезона во Ла Лига, откако вечерва убедливо славеше на гостувањето кај Овиедо со 0-3. Со ова „кралевите“ ја запишаа втората победа во исто толку натпревари, уште еднаш потврдувајќи ги високите амбиции. Главен херој на денешниот натпревар беше Килијан Мбапе. Французинот го отвори резултатот во 37. минута, но неговиот погодок предизвика бројни дискусии. Домашните играчи протестираа за можен прекршок во нападот, но главниот судија Де Бургос веднаш покажа на центарот и не побара дополнителна проверка. По кратко чекање и ревизија од ВАР собата, голот беше потврден, со што полемиките уште повеќе се разгорија на трибините.

Во второто полувреме Мбапе повторно беше на вистинското место – во 83. минута ја казни несигурноста на одбраната на Овиедо и со втор погодок донесе мир во таборот на „белите“. Кога сите очекуваа последниот свиреж, во 93. минута Винисиус Жуниор со прецизен удар ја завери победата на Реал, поставувајќи го конечниот резултат 0-3 и заокружувајќи уште едно убедливо издание на екипата на Чаби Алонсо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.