Мбапе за малку ќе завршел во Ливерпул, сѐ имал договорено

September 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе за малку ќе завршел во Ливерпул, сѐ имал договорено

Како што пренесува „L'Equipe“, Килијан Мбапе во 2022 година можел да заврши во Ливерпул каде побарал од раководството на ПСЖ да го пуштат откако тие како клуб не исполниле одредени ветувања. Тој не бил задоволен од работата на клубот, односно поради тоа што не успеале да ги донесат Левандовски и Бернардо Силва, па побарал да замине. Претходно му биле дадени сериозни и цврсти гаранции дека изборот на тимот тоа лето ќе биде амбициозен каде овие двајца играчи биле главни трансфер цели. Во август 2022 година тој бил премногу разочаран па сакал да замине каде наводно имало понуда од Ливерпул од 200 милиони евра каде тој веќе ги договорил и личните услови. Но, ПСЖ ја одбил ваквата можност па и покрај тоа што Мбапе не бил среќен во клубот, сепак со години играл за тимот од Париз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.