Мбапе за Родри: Дали ви личи на фудбалер за „Златна топка“?

March 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе за Родри: Дали ви личи на фудбалер за „Златна топка“?

Доделувањето на последната „Златна топка“ на Родри од Манчестер Сити предизвика бројни контроверзии и бурни реакции, особено од таборот на Реал Мадрид, кој очекуваше престижната награда да заврши во рацете на Винисиус Жуниор. Францускиот ас Килијан Мбапе конечно го прекина молкот и одлучи да зборува за ова прашање. „Што значи да бидеш играч кој ја освои ‘Златната топка’? Дали Родри ви изгледа како таков фудбалер? Мислам дека Винисиус ја заслужи наградата“, кажа Мбапе. Воедно, веќе почнаа шпекулациите за „Златната топка“ што ќе биде доделена во 2025 година. Според анкети во Франција, фаворит е Осман Дембеле од ПСЖ, а според одредени обложувалници фаворит е Рафиња од Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.