March 4, 2025 | | Свет
Во Загреб, на улицата Херцеговачка, во дворот на фудбалскиот агент Енди Бара експлодираше експлозивна направа, според неофицијални информации на „Јутарњи лист“. Настанот се случил околу 00:50 часот, но за среќа нема повредени. Полицијата веќе спроведува истрага за инцидентот. Бара, кој некогаш беше фудбалер, а денес е реномиран менаџер, стана познат кога го доведе Дани Олмо од школата на Барселона, „Ла Масија“, во редовите на Динамо Загреб. По завршувањето на својата играчка кариера на само 22 години, тој ја основа агенцијата „Нијагара спортс компани“. Едно од првите звучни засилувања кои ги реализираше беше трансферот на натурализираниот хрватски репрезентативец Самир во Динамо Загреб. Со текот на времето, Бара претставуваше неколку големи имиња во фудбалот, меѓу кои Марсело Брозовиќ, Алваро Мората и Ловро Мајер. Тој исто така одигра значајна улога во рекордниот трансфер на Јошко Гвардиол од Лајпциг во Манчестер Сити за 77 милиони евра. По инцидентот, самиот Бара реагираше, негирајќи дека станува збор за бомба. „Ма каква бомба, тоа беше само петарда. Дури ни не се разбудив. Во дворот има само мала оштетена површина со трева. Најголем проблем е што ми е повредено кучето, затоа и ја повикав полицијата. Инаку, немаше ни да го сторам тоа. Најважно е дека сите сме добро, особено моето семејство“, изјави Бара.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |