Мегваер го спаси Јунајтед од пораз, Бруно пак доби црвен! (ВИДЕО)

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мегваер го спаси Јунајтед од пораз, Бруно пак доби црвен! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед имаше предност од 2-0 во првото полувреме на гостувањето кај Порто на „Драгао“, но за само седум минути домаќините се вратија во игра. Резултатот го отвори Маркус Рашфорд во 7. минута, а во 20. минута Хојлунд зголеми на 2-0 на асистенција на Рашфорд. Седум минути подоцна Порто успеа да се врати во игра преку Пепе, а во 34. минута Омородион прекрасно погоди на аситенција на Жоао Марио. Само што почна вториот дел, во 50. минута, Агехова постигна гол на асистенција на Пепе со што Порто успеа да направи пресврт. На полувремето Рашфорд беше заменет поради засега непозната причина, а на негово место влезе Гарначо. Зиркзе и Антони влегоа на местото на Хојлунд и Диало, а Тен Хаг реши да ги извади и стоперите Лисандро и Де Лихт и влегоа Еванс и Мегваер. Во 81. минута поради високо подигната нога Бруно Фернандеш заработи втор жолт картон по што беше исклучен. Се чини дека и овој потег беше грешка на судијата, исто како на дуелот против Тотенхем каде Португалецот заработи директен црвен картон. Токму Хери Мегваер во 91. минута од корнер успеа да го спаси Јунајтед од пораз. Јунајтед сега има два бода во првите два натпревари во Лигата на Европа, а во наредното коло ќе гостува кај Фенербахче.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.