Мектоминеј херој против Монца, Наполи се израмни со Интер (ВИДЕО)

April 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мектоминеј херој против Монца, Наполи се израмни со Интер (ВИДЕО)

Екипата на Наполи забележа минимална, но исклучително важна победа на гостувањето кај Монца во рамките на 33. коло од италијанската Серија А. Монца, која влезе во натпреварот како последнопласирана на табелата со само 15 освоени бодови, пружи силен отпор и долго време успеваше да ги неутрализира нападите на фаворитот од Неапол. Клучниот момент се случи во 72. минута, кога Скот Мектоминеј успеа да го пронајде патот до мрежата и со прецизен удар му донесе предност на Наполи, која остана непроменета до крајот на натпреварот. Со овој триумф, Наполи се израмни по број на бодови со Интер, кој утре го игра својот натпревар од ова коло против Болоња. Борбата за високите позиции во Серија А останува неизвесна, а секој бод може да биде клучен во завршницата од сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.