Мектоминеј избран за МВП на Серија А, Конте најдобар тренер

May 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мектоминеј избран за МВП на Серија А, Конте најдобар тренер

Наполи по четврти пат во својата историја е шампион на Италија. По победата над Каљари, на стадионот „Диего Армандо Марадона“ се одржа свечена церемонија на која беа доделени индивидуалните признанија за најдобрите поединци во сезоната. Највредниот играч (МВП) на сезоната е Скот Мектоминеј, кој импресионираше со 12 погодоци и шест асистенции. Тренерот на Наполи, Антонио Конте, доби признание за најдобар стратег, откако го врати тимот на тронот по две сезони. Во изборот за најдобри по позиции, титулата најдобар голман ја понесе Миле Свилар од Рома. Во одбраната доминираше Алесандро Бастони, додека средниот ред го обележа одличната форма на Тијани Реијндерс. Најдобар напаѓач и најдобар стрелец е Матео Ретеги, а за најдобар млад фудбалер (до 23 години) е прогласен Нико Паз.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.