Менаџер од Тетово преговара со Барселона за трансфер на неговиот клиент!

August 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Менаџер од Тетово преговара со Барселона за трансфер на неговиот клиент!

Откако стана извесно дека тешко ова лето Нико Вилијамс да дојде во Барселона, тие мораат да бараат други опции за левата крилна позиција, а изборот падна на Федерико Киеза. Имено, негов менаџер е Фали Рамадани од Тетово кој всушност ќе биде одговорен да го договори трансферот на својот клиент. Трансферот би можел да чини 10-15 милиони евра, а Рамадани преговара со Барселона и за десниот бек на Алмерија, Марк Пубил кој го освои златото со Шпанија на ЛОИ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.