Менџерот откри: Зошто Шешко го одбра Јунајтед

August 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Менџерот откри: Зошто Шешко го одбра Јунајтед

Менџерот на Бенјамин Шешко, Елвис Башановиќ, конечно откри што стои зад одлуката словенечкиот напаѓач да потпише за Манчестер Јунајтед, иако имал подобри финансиски понуди од Њукасл и Арсенал. Иако медиумите шпекулираа дека проблемот бил во високите барања на играчот и агентот, Башановиќ објасни дека пресудна била долгогодишната желба на Шешко – да заигра на „Олд Трафорд“. „Бенџамин со години сонува да игра за Јунајтед. Тоа беше клучниот фактор, многу поважен од парите. Дури беше подготвен да ја намали својата плата за да се реализира трансферот,“ изјави Башановиќ, додавајќи дека дал сè од себе за да го оствари договорот. За потсетување, Арсенал одамна се повлече од трката и го доведе Виктор Ѓокереш, додека Њукасл дури понуди поголема плата од „црвените ѓаволи“, но љубовта на Шешко кон Јунајтед се покажа посилна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.