Менди останува во Реал Мадрид барем до 2027 година!

July 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Менди останува во Реал Мадрид барем до 2027 година!

Реал Мадрид успеа да се договори со Ферланд Менди за нов договор кој ќе биде со важност до јуни 2027 година. Неговиот договор истекуваше за една година, но сега се договорија за ново продолжување каде се чека само потпишување на договорот. Договорот ќе вклучува уште една сезона како опција, врз основа на настапите како што објави „Marca“. Карло Анчелоти сакаше Менди да остане и да биде клучен дел од проектот на Реал Мадрид и за следната сезона, а сега и тоа е завршено. Допрва ќе биде познато дали и дефинитивно Алфонсо Дејвис нема да дојде во Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.