Мерино го донесе триумфот за Арсенал во лондонското дерби! (ВИДЕО)

March 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мерино го донесе триумфот за Арсенал во лондонското дерби! (ВИДЕО)

Арсенал триумфираше во дербито на 29. коло од Премиер лигата, совладувајќи го Челси со минимални 1-0. Победничкиот погодок беше дело на Микел Мерино, кој во 20. минута со удар со глава по изведен корнер ја затресе мрежата на „сините“. Овој гол се покажа како пресуден, бидејќи до крајот на мечот немаше промени во резултатот. Со овој триумф, Арсенал се искачи на втората позиција со 58 бодови, додека Челси остана на четвртото место со 49. Во друга лондонска пресметка, Фулам го совлада Тотнем со 2-0 на „Крејвен Котиџ“. По подолг период без голови, Родриго Муниз и Рајан Сесењон во завршницата донесоа значајна победа за домашниот состав.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.