July 6, 2024 | | Свет
Шпанија после продолженија успеа да ја елиминира Германија од Европското првенство со голот на Микел Мерино со глава на асистенција на Олмо. Интересна беше прославата за голот на Мерино, но позади ова стои една убава приказна. Пред 33 години неговиот татко Мигел Мерино играјќи за Шпанија постигна гол на истото место во ноември 1991 година, кој го прослави на ист начин. Некогаш Некарштадион, денес Штутгарт Арена, два различни датуми и луѓе, но иста симболика. Во 1991 година, Мигел Мерино постигна гол за Штутгарт за победа на Осасуна со 3:2 во Купот на УЕФА. Микел Мерино за Шпанија дебитираше во 2020 година во Штутгарт, но тогаш не даде гол. Неговиот татко Мигел тогаш рече дека „ѕвездите би се усогласиле доколку неговиот син постигнел гол“. Четири години подоцна, Штутгарт повторно, овој пат судбината го одреди своето. „Овој стадион мора да има нешто што ни носи среќа. Татко ми даде гол овде, така што ова место е посебно за нас“, изјави помладиот Мерино.
Mikel Merino did the exact SAME celebration as his Dad did in the same stadium 33 years ago…
WOW😍🤩🇪🇸 pic.twitter.com/YixTvTnRue — The 44 ⚽️ (@The_Forty_Four) July 5, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |