Мерино од клупата го реши Лестер (ВИДЕО)

February 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Мерино од клупата го реши Лестер (ВИДЕО)

Арсенал успеа да ја забележи победата над Лестер со 0:2 во 25. коло од Серија А, благодарение на одличниот настап на Шпанецот, Микел Мерино. Првото полувреме не понуди премногу возбудувања, со оглед на тоа што двата тима упатија само по еден удар во рамките на голот, па резултатот остана непроменет. Во второто полувреме играта се забрза, а клучниот потег го направи Артета кога во 69. минута го внесе Микел Мерино на местото на Стерлинг. Тоа се покажа како одлична одлука, бидејќи токму Шпанецот во 81. минута искористи нафрлување од Енванвери и погоди за 1-0. Само шест минути подоцна, Мерино повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат реализирајќи по асистенција на Тросар, со што го постави конечниот резултат. Со оваа победа, Арсенал сега има 53 бода и се наоѓа на четири бода зад лидерот Ливерпул, кој има и еден натпревар помалку.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.