Меси доби повик за бокс меч, се вмеша неговиот телохоранител!

March 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси доби повик за бокс меч, се вмеша неговиот телохоранител!

Ситуацијата меѓу Логан Пол и Лионел Меси доби неочекуван пресврт откако телохранителот на аргентинската ѕвезда, Јасин Чеуко, јавно го предизвика познатиот јутјубер и боксер на борба во рингот. Конфликтот започна поради судирот на нивните енергетски пијалаци – „Прајм“ на Пол и „Мас+“ на Меси, што доведе до тужби од двете страни. Наместо правна битка, Логан предложи вистинска борба, директно провоцирајќи го Меси. Но, Чеуко, поранешен морнарски специјалец и вешт боксер веднаш ја презеде улогата на заштитник и одговори на предизвикот во име на својот шеф. „Логан, сите ме запираат на улица, добивам илјадници пораки на Инстаграм за ова. Сега нема враќање, мора да го направиме за народот. Ајде!“, му порача Чеуко во видео обраќање. Пол не остана покусо и ја прифати борбата, но со една необична опклада – ако Чеуко загуби, ќе мора јавно да испие шише „Прајм“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.