Меси ја повтори позната фраза, сега против Перу: „Што правиш глупаку?“ (ВИДЕО)

November 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси ја повтори позната фраза, сега против Перу: „Што правиш глупаку?“ (ВИДЕО)

Аргентина минимално славеше против Перу, а во еден дуел со противничкиот играч Карлос Замбрано, Меси ја повтори фамозната фраз од Светското првенство во 2022 година која му ја изрече на Вегхорст. При еден обид за шут, Меси беше исфрустриран од задоцнетиот старт на противникот, па му се обрати со фразата: „Што правиш глупаку?“, кратко му рече Меси. По победата на Аргентина против Холандија на Светското првенство во 2022, Меси влезе во конфликт со напаѓачот Вут Вегхорст и му довикуваше: „Што гледаш глупаку? Бегај таму, глупаку“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.