Меси му намести на Лаутаро кој постигна акробатски гол, нов кикс на Бразил! (ВИДЕО)

November 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси му намести на Лаутаро кој постигна акробатски гол, нов кикс на Бразил! (ВИДЕО)

Аргентина минимално успеа да го совлада Перу во Буенос Аирес во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026 година. Со овој триумф, Аргентина сега има пет бода предност на табелата пред Уругвај. Единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинез на асистенција на Лео Меси. На светскиот шампион сега му треба само уште една победа за официјално да го потврди пласманот на следниот Мундијал иако е јасно дека дури и да ги загуби сите натпревари до крајот на квалификациите, сепак ќе ја брани титулата за две години.

Бразил пак продолжува со неубедливите игри каде одиграа 1-1 против Уругвај на домашен терен. Резултатот го отвори Феде Валверде во 55. минута а конечниот резултат го постави Герсон со гол во 62. минута за домаќините.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.