October 18, 2024 | | Свет
Угледниот шпански медиум „Marca“ вчера му даде признанија на Меси за најтрофеен фудбалер во историјата и најдобар играч во историјата на овој спорт. Тој беше запрашан за тоа што му преостанува во неговата богата кариера, но и дали размислува за пензија. „Што ми преостанува во фудбалот? Фала му на Бога ги исполнив своите сонови. Најголемиот сон ми беше Светското првенство. Освоив сè што можев со клубот на својот живот Барселона, потоа кревав трофеи и со ПСЖ. Не можам да барам ништо повеќе. Во животот сè доаѓа со причина. Се трудам да живеам од ден во ден, ќе видиме што ќе се случи и не сакам да го забрзам времето. Сега се чувствувам добро и се надевам дека така и ќе продолжи“, рече Меси.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |