Меси не сака да игра на -15, дуелот е одложен!

February 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси не сака да игра на -15, дуелот е одложен!

Поради екстремно ниските температури во Канзас Сити, натпреварот помеѓу Спортинг Канзас и Интер Мајами е одложен и ќе се одигра ноќта помеѓу среда и четврток, наместо утревечер. Температурите се очекуваше да паднат до -15 степени Целзиусови, а теренот да биде покриен со снег. Неофицијално, Лионел Меси наводно изразил подготвеност да го прескокне натпреварот доколку условите се толку екстремни, со цел да избегне повреда пред стартот на новата МЛС сезона. Дуелот е дел од осминафиналето на Купот на шампионите во КОНКАКАФ зоната. Организаторите ја донеле одлуката имајќи го предвид здравјето на фудбалерите, но и на навивачите, за кои би било непријатно да следат натпревар во толку студени услови. Интер Мајами во сабота ќе го започне МЛС шампионатот со дуел против Њујорк.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.