Меси: Не знам дали ќе играм на следното Светско првенство

September 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси: Не знам дали ќе играм на следното Светско првенство

Лионел Меси ноќеска го одигра последниот официјален натпревар за Аргентина на домашен терен и повторно ја разнежни публиката во Буенос Аирес. По мечот, капитенот проговори за својата иднина во националниот дрес и дилемата околу настап на Светското првенство 2026. „Уште не сум донел одлука за следното Светско првенство. Гледајќи ги моите години, логично е да не играм на тоа Светско првенство. Но, ќе одиме од ден за ден, меч за меч,“ изјави Меси. Се очекува токму Мундијалот во САД, Канада и Мексико да биде последната станица на неговата репрезентативна кариера, но Меси остави отворена врата за евентуален настап.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.