Меси: Никогаш нема да бидам тренер

November 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси: Никогаш нема да бидам тренер

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси изјави дека никогаш нема да биде тренер и дека тоа не е работен ангажман кој него го привлекува. Меси има 37 години и игра за Интер Мајами, а се уште не планира да ја заврши својата играчка кариера. „Не планирам да бидам тренер кога ќе се пензионирам. Тоа не е нешто за што размислувам“, изјави тој. Меси беше запрашан и за тоа дали ќе настапи на Светското првенство во 2026 година. „Не знам, точно е дека ме прашуваа неколку пати, особено во Аргентина. Се надевам дека ќе ја завршам оваа година одлично, ќе имам добра подготовка, која ја немав минатата година, со сите патувања што ги имав. Тогаш ќе видам како ќе се чувствувам“, рече Меси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.