December 6, 2024 | | Свет
Во опширно интервју за „Mundo Deportivo“, Лионел Меси кои двајца луѓе од Барселона имале најголемо влијание врз него во Барселона. „Има двајца луѓе во Барселона кои имаа огромно влијание врз мене. Првиот беше Пеп Гвардиола бидејќи заедно освоивме неверојатни работи, а вториот е Роналдињо за начинот на кој ми помогна“, вели Меси. Тој зборуваше и за тоа колку е тежок дресот на Барселона. „Никогаш не смеете да прифатите да бидете втор ако го носите дресот на Барселона. Тоа значи дека сте дел од најголемиот клуб во светот. Дури и ако не освоите, најмалку што треба е да се борите за трофеите до самиот крај. Мојата порака за фановите на Барса? Ми недостасувате. Се надевам дека ќе се сретнеме повторно наскоро. Се надевам дека се чувствувате горди да бидете дел од најдобриот клуб во историјата“, изјави тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |