May 23, 2025 | | Свет
Лионел Меси, човекот кој ја редефинираше уметноста на фудбалот, конечно откри кој гол му е најдраг – иако зад себе има безмалку 900 погодоци, меѓу кои и вистински маестрални ремек-дела. Станува збор за голот што го постигна во финалето на Лигата на шампионите 2009 година, против Манчестер Јунајтед, на „Олимпико“ во Рим. Во второто полувреме, по прецизна асистенција од Чави, Меси скокна совршено и со глава го матираше Едвин ван дер Сар за 2-0. Тој гол не само што беше редок за него по стил, туку и симболично го скрши отпорот на англискиот гигант и го заокружи историскиот триумф на Барселона. „Тој ми е најдраг гол поради значењето и кулминацијата на незаборавната сезона во која ги освоивме сите трофеи. За мене тој гол е најважен од сите,“ изјави Меси. Интересно, фановите беа делумно изненадени – очекуваа избор на технички поатрактивен погодок, како: фантастичниот гол на „Бернабеу“ против Реал Мадрид (слалом низ 5 играчи), ракетата против Манчестер Јунајтед во финалето 2011, или некој од бројните слалом-голови со потпис „Меси“. Но, како што често потенцира самиот Лео, емоцијата и моментот се поважни од техниката.
🗣️❗️Messi: “Right now, because of what it meant, because it was the culmination of an unforgettable year, for me it is the most important goal of all, the header in the Champions League final against Manchester.”pic.twitter.com/DiqndtvUxM
— The Touchline | Football Coverage (@TouchlineX) May 22, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |