Меси под закана од суспензија поради прескокнување на Ол-стар дуелот во МЛС

July 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси под закана од суспензија поради прескокнување на Ол-стар дуелот во МЛС

Лионел Меси би можел да се соочи со суспензија од еден натпревар, откако без најавено образложение не се појави на Ол-стар средбата на МЛС против тимот од мексиканската Лига МХ. Аргентинецот беше најавен како стартер за тимот на ѕвездите на лигата, но само неколку часа пред натпреварот Интер Мајами објави дека Меси и Џорди Алба нема да настапат, без да даде дополнителни детали за причините. Правилникот на МЛС е јасен – играчите повикани за Ол-стар дуел се обврзани да играат, освен ако не се повредени или немаат друг оправдан изговор. Ако лигата оцени дека изостанокот на Меси бил неоправдан, тој ќе мора да го пропушти следниот меч на Интер Мајами против Синсинати. Иако викендов постигна два гола против Њујорк и делуваше во одлична форма, од клубот порачаа дека Меси и Алба добиле одмор поради напорниот распоред со МЛС и настапите на Светското клупско првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.