Меси постигна гол за победа на неверојатни -24 степени (ВИДЕО)

February 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси постигна гол за победа на неверојатни -24 степени (ВИДЕО)

На исклучително студени -24 степени, Спортинг Канзас Сити и Интер Мајами одиграа натпревар во рамките на Лигата на шампионите на КОНКАКАФ зоната. Поради екстремните временски услови, мечот беше одложен за еден ден, но тоа не ги спречи гостите од Мајами, кои не се навикнати на вакви температури, да слават со 1-0. Играчите беа целосно опремени за студот – носеа ракавици, хулахопки, ролки за заштита на вратот, а голманите дури и капи. Победничкиот гол, како што се очекуваше, го постигна Лионел Меси. Иако никогаш претходно не играл во вакви екстремни услови, аргентинската ѕвезда успеа да погоди, и тоа со десната нога, која не му е посилна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.