Меси повторно во главна улога: Интер Мајами оди понатаму во Конкакаф купот

February 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси повторно во главна улога: Интер Мајами оди понатаму во Конкакаф купот

Фудбалерите на Интер Мајами обезбедија пласман во осминафиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ, откако во реваншот против Спортинг Канзас Сити триумфираа со 3:1. Главна ѕвезда на мечот повторно беше Лионел Меси, кој ја затресе мрежата во 19. минута, откако Луис Суарез му асистираше прецизно од крилната позиција. Во финишот на првиот дел, Тадео Аљенде ја зголеми предноста на тимот, а веќе во судиското надополнување, Суарез го запиша своето име на листата на стрелци за 3:0. Гостите во вториот дел успеаја да намалат преку резервистот Мемо Родригез, но тоа не беше доволно да го загрозат триумфот на Интер Мајами. Во следната фаза, тимот на Меси ќе се соочи со Кавалирс, актуелниот шампион на Јамајка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.