October 29, 2026 | | Свет
Лионел Меси би можел да направи потег што ќе предизвика вистинска еуфорија во Аргентина! Според информациите на аргентинскиот новинар Гонзало Калвиџони, поранешниот капитен на аргентинската репрезентација е многу блиску до враќање во татковината и облекување на дресот на Њуелс Олд Бојс во јануари 2027 година. Наводно, аргентинската фудбалска икона размислува да ја заврши својата авантура во МЛС лигата по крајот на сезоната во 2026 година, со што би се збогувал со Интер Мајами и би отворил ново поглавје во својата кариера. Можната промена во неговите планови се поврзува и со крајот на неговиот репрезентативен циклус. Во такво сценарио, Меси би можел да се насочи кон остварување на една од најголемите желби — да заигра за клубот за кој навивал уште како дете. Њуелс Олд Бојс од Росарио е клубот во кој Меси ги направил првите фудбалски чекори пред да замине во Барселона, каде што подоцна стана една од најголемите легенди во историјата на фудбалот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |