October 22, 2024 | | Свет
Лео Меси важи за повлечена личност која е тивка и која ретко влегува во конфликти со противничките играчи. Аргентинецот сега призна дека пред три години јавно решил да понижи еден играч поради коментарите кои ги имал дадено за него. „Да, намерно сакав да го дриблам Роберт Левандовски. Не ми се допадна тоа што кажа за мене по доделувањето на Златнта топка. Јас ја добив во таа 2021 година, но реков дека ја заслужува Роберт. Тој потоа кажа дека не сум го мислел тоа што го кажав. Секако дека на СП во Катар јас имав што да кажам на теренот против Полска, посебно против него. Сепак подоцна разговаравме кога дојде во Барселона, сфативме дека тоа меѓу нас било само недоразбирање“ изјави Меси. Меси е освојчувач на осум „Златни топки“, по него следува Кристијано Роналдо со пет, а по три имаат Платини, Кројф и Ван Бастен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |