February 8, 2025 | | Свет
Ривалството помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо трае повеќе од две децении, а дебатите за тоа кој е најдобар фудбалер никогаш не престануваат. Спортскиот портал „FourFourTwo“ состави листа на 100-те најдобри играчи во историјата, рангирајќи го Меси на првото место. Зад аргентинскиот ас, на втората и третата позиција, се најдоа бразилската легенда Пеле и неповторливиот Диего Армандо Марадона. Кристијано Роналдо се најде на четвртото место. Во првите десет најголеми фудбалери на сите времиња, според оваа листа, се вбројуваат и Јохан Кројф (Холандија), бразилскиот ас Роналдо, Зинедин Зидан (Франција), Франц Бекенбауер (Германија), Алфредо Ди Стефано (Шпанија) и Марко ван Бастен (Холандија). Листата на спортскиот портал „FourFourTwo“ можете да ја погледнете ОВДЕ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |