February 23, 2025 | | Свет
Лео Меси уште на почетокот на новата МЛС сезона покажа дека сè уште има магија во своите нозе, спасувајќи го Интер Мајами од пораз против Њујорк Сити. Тимот од Мајами се избори за реми 2-2 благодарение на неверојатната асистенција на Меси во 100. минута. Аргентинецот во вистински момент ја протна топката до Сеговија, кој со префинет лоб удар го матираше голманот и донесе бод на својата екипа. Иако не постигна гол, Лео Меси беше клучната фигура на натпреварот. Тој уште во петтата минута му асистираше на Авилес за водство од 1-0, но стрелецот не остана долго на теренот, бидејќи во 23. минута доби црвен картон и го остави Интер Мајами со играч помалку. Њујорк Сити ја искористи бројчаната предност и направи пресврт, но Интер Мајами не се предаде. На самиот крај, токму Меси со својот волшебен потег се погрижи неговиот тим да избегне пораз во првото коло од новата сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |