July 21, 2024 | | Свет
Меси во 2021 година замина на ужасен начин од Барселона откако не му беше дозволено да го продолжи договорот поради проблемите со финансиите на Барселона. Една година претходно, во 2020 година Меси влезе во конфликт со поранешниот претседател Бартомеу каде се закани дека ќе замине бидејќи Меси не беше задоволен од тоа како функционира клубот и се осетил измамено. Според напишаното во биографијата „God save Pep“ од Марти Перарнау кој воедно е и близкот пријател на Гвардиола, во 2020 година имало средба меѓу Меси и Гвардиола каде Меси изразил желба да премине во Сити. „Лионел Меси го контактираше Гвардиола и двајцата разговараа околу можноста за преселба во Манчестер Сити. Шпанскиот стратег организираше вечера во својот дом, каде му предочил на Меси дека играњето кај „граѓаните“ би можел да биде преголем залак за него. Во тој момент Аргентинецот имаше полни 33 години, а моите информации велат дека без проблем се согласил со одлуката на Гвардиола“, пишува во книгата на Пернау. Во 2021 година Меси замина во ПСЖ, а од таму бесплатно во 2023 година премина во Интер Мајами. Деновиве тој стана најтрофејниот играч во историјата со 45 освоени трофеи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |