April 18, 2025 | | Свет
Лионел Меси ја отвори душата во ново интервју, откривајќи дека неговата желба по Светското првенство во Катар во 2022 година била јасна, а тоа е враќање во Барселона. „Сакав повторно да бидам дел од Барса, таму каде што започна мојата приказна. Мојата идеја беше по титулата со Аргентина да се вратам дома. Но, повторно, не постоеше реална можност тоа да се случи“, изјави Меси. Иако неговата прва опција беше каталонскиот клуб, на крајот кариерата ја продолжи во САД. „Одлуката за Мајами ја донесов заедно со семејството. Освојувањето на Светското првенство ми ја донесе внатрешната смиреност, како да освоив сè што сум сонувал“, додаде тој. Меси не ја крие амбицијата повторно да настапи на Светското првенство. „Не можам да кажам дека не размислувам за Мундијалот во 2026. Се чувствувам добро, телото ми дозволува да се натпреварувам на врвно ниво. Сепак, оваа година ќе биде клучна за да видам каде сум навистина“, порача аргентинскиот ас.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |