Меси се врати и запиша два гола и асистенција! (ВИДЕО)

September 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси се врати и запиша два гола и асистенција! (ВИДЕО)

Лионел Меси се врати на теренот и тоа на фантастичен начин. По три месеци, тој конечно го облече дресот на Интер Мајами и беше клучен во победата на неговиот тим против Филаделфија со 3-1 каде запиша два гола и една асистенција. Мајами прими гол уште во втората минута, но потоа тимот полека успеа да воспостави контрола и да го сврти резултатот во своја корист. Домаќинот успеа да се врати преку Меси во 26. минута кога Луис Суарез му ја додаде а Аргентинецот прекрасно го финтираше Вагнер и остана сам против голманот Рик каде само рутински ја смести во неговиот долен десен агол. Пресвртот дојде во 30. минута кога Жорди Алба нафрли по земја во шеснаесетникот на Филаделфија, а Суарез ја пропушти за Меси. Меси во 85. минута му намести на Суарез за потврда на победата на Мајами каде Интер Мајами води во поредокот на Источната конференција во МЛС со 62 бода и има 10 бода предност пред пред второпласираниот Синсинати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.