Меси со два гола го однесе Интер Мајами во финале на Лига Купот

August 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси со два гола го однесе Интер Мајами во финале на Лига Купот

Интер Мајами обезбеди пласман во финалето на Лига Купот откако со 3-1 го совлада Орландо Сити, а човек на одлука повторно беше Лионел Меси, кој постигна два гола и ја потврди својата лидерска улога во тимот на Дејвид Бекам. Иако гостите поведоа на крајот од првото полувреме преку Марио Пашалиќ, фудбалерите на Мајами не се откажаа и во вториот дел направија целосен пресврт. Клучниот момент се случи во 77. минута, кога домашните добија пенал, а Брекало доби црвен картон. Меси беше прецизен од белата точка и го врати резултатот во рамнотежа (1-1). Со играч повеќе, Мајами продолжи со офанзивите и во 88. минута Меси повторно ја погоди мрежата, носејќи водство од 2-1. Само три минути подоцна, во судиското продолжение, Сеговија по комбинација со Луис Суарез го постави конечниот резултат – 3-1. Интер Мајами ќе има можност да стигне до трофејот во ова натпреварување, во кое играат клубови од САД, Канада и Мексико, а во големото финале ќе се сретне со Сиетл Саундерс, кој во другото полуфинале беше подобар од ЛА Галакси со 2-0.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.