Меси врие: Не победивме бидејќи игравме на ужасен терен

October 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси врие: Не победивме бидејќи игравме на ужасен терен

Аргентина одигра нерешни 1-1 на гостувањето кај Венецуела во деветтото коло од квалификациите за Светското првенство. Условите за играње беа ужасни бидејќи целиот терен беше натопен со вода. Токму за овој проблем зборуваше и Лионел Меси кој рече дека е неверојатно што и покрај лошите услови, натпреварот бил одигран. „Натпреварот заврши нерешено бидејќи теренот беше таков што не можевме да играме како што сакавме. Моравме да играме на сосема поинаков начин од она што се подготвувавме сите овие денови. Неверојатно е што натпреварот се играше во овие услови“, Меси. Беше многу тешко. Не можевме да врзиме две додавања по ред. Во вториот дел се обидовме да играме на десната страна, но тешко е да се игра така. Се игра многу малку фудбал“, рече Меси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.