Мијатоиќ за проблемите на Реал: Премногу мускули, нема креативност

October 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мијатоиќ за проблемите на Реал: Премногу мускули, нема креативност

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ го изрази своето незадоволство за вчерашниот настап против Лил каде тимот од Мадрид претрпе пораз. Мијатовиќ смета дека Реал има голем проблем, особено кога станува збор за креацијата. „Реал мора да поправи многу работи. Во одбрана не е лош, а ни Лил не одигра ништо посебно. Искрено, најмногу ме загрижува средниот ред, премногу има тука физикалија, а малку креација. Чуамени, Камавинга и Валверде се мускулести, физички силни, но тврди со топката во нозе. Недостасува вистинскиот Лука Модриќ, сега го нема ни Тони Крос и овој среден ред не одговара на филозофијата на Реал“, смета Мијатовиќ. Прогнозите за тоа дека без Модриќ и Крос ќе нема креативност се испоставуваат како точни бидејќи нема кој да даде креативен пас кој ќе ги пробие противнички линии.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.