Милан имаше негатива од два гола, но за 13 минути направи чудесен пресврт (ВИДЕО)

March 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан имаше негатива од два гола, но за 13 минути направи чудесен пресврт (ВИДЕО)

Милан конечно стави крај на негативната серија во Серија А, остварувајќи пресврт победа од 2-3 против Лече, со што ја прекина низата од три последователни порази. Возбудувањата започнаа веднаш, уште во првата минута, кога Хименез постигна гол, но беше поништен поради офсајд. Лече го отвори резултатот во седмата минута со спектакуларен погодок на Крстовиќ, а Милан немаше среќа во 15. минута, кога и голот на Габија беше поништен поради недозволена позиција. Домаќините ја завршија првата половина со минимална предност. Крстовиќ повторно беше прецизен во 59. минута, зголемувајќи на 2-0 за Лече, што во тој момент изгледаше како нов тежок удар за „росонерите“. Но, Милан одговори со експлозивни неколку минути – најпрво Гало во 68. минута постигна автогол, а веднаш потоа Пулишиќ ја затресе мрежата за израмнување. Американскиот фудбалер беше херојот на Милан, бидејќи на десет минути пред крајот погоди за конечни 2-3, носејќи му на својот тим значајна победа и многу потребни три бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.