Милан испушти победа, Интер се спаси со гол во 93. минута! (ВИДЕО)

February 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан испушти победа, Интер се спаси со гол во 93. минута! (ВИДЕО)

Интер успеа да избегне пораз во последните моменти од градското дерби против Милан, благодарение на погодокот на Де Вриј во 93. минута. „Росонерите“ поведоа во самиот финиш на првото полувреме, кога Рејндерс најдобро се снајде во мешаницата и ја испрати топката во мрежата за 1-0. Интер во текот на мечот беше крајно несреќен, трипати ја погоди стативата и имаше три поништени голови. Сепак, на крајот, напорите им се исплатија. Во 93. минута, Никола Залевски мајсторски асистираше со гради, а Де Вриј ја смести топката во мрежата за конечни 1-1.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.