Милан ја засили офанзивата за „кумановецот“ Ардон Јашари

July 27, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан ја засили офанзивата за „кумановецот“ Ардон Јашари

Ардон Јашари, швајцарскиот репрезентативец со корени од Куманово, е најголемата желба на Милан за ова лето, но преговорите со Клуб Бриж тешко се движат напред. Белгискиот клуб останува цврст на својата проценка и бара 40 милиони евра за трансферот, додека најновата понуда на „росонерите“ изнесува 35 милиони плус бонуси. „Ова е максимумот што можеме да го понудиме“, рекол спортскиот директор Игли Таре, јасно ставајќи до знаење дека Милан нема намера да оди повисоко од оваа сума. Доколку Клуб Бриж остане на својата позиција, постои голема веројатност преговорите да пропаднат, што би значело големо разочарување за Јашари, за кого настапот во Милан е остварување на детскиот сон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.