Милан ќе го продаде Тео уште во јануари ако пристигне добра понуда

December 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан ќе го продаде Тео уште во јануари ако пристигне добра понуда

Според информациите на италијанскиот медиум „Tuttosport“, Милан му соопштил на Тео Ернандез дека може да го напушти клубот уште во јануари, доколку на нивна адреса пристигне соодветна понуда. Односот помеѓу фудбалерот и клубот во последно време се влошил, а причините се многубројни. Ернандез беше изоставен од составот за натпреварот против Џенова по критиките на тренерот Пауло Фонсека кон некои фудбалери кои, според него, не ја даваат својата максимална посветеност на секој меч. Ова, заедно со негативните реакции од фановите, ја влошило ситуацијата. Тео, кој е еден од капитените на Милан, се најде на удар на критики и навреди од дел од поддржувачите. Неговиот агент, Мануел Куилон, вчера имал состанок со клубските директори, но информациите укажуваат дека не било понудено продолжување на договорот. Иако агентот изразил дека Ернандез сака да остане и да потпише нов договор, понудата од Милан не била задоволителна. Според тоа, клубот му понудил 5 милиони евра плус бонуси, но истовремено го информирале дека може да го напушти клубот во јануари ако се појави добра понуда. Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за Тео Ернандез и не би било изненадувачки ако наскоро испратат сериозна понуда за францускиот лев бек.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.