Милан лошо помина во Загреб, Интер сигурен, Реал рутински кај Брест, пораз на Јуве (ВИДЕО)

January 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан лошо помина во Загреб, Интер сигурен, Реал рутински кај Брест, пораз на Јуве (ВИДЕО)

Интер без многу напор ја заврши својата задача, совладувајќи го Монако со 3-0 и обезбедувајќи место меѓу осумте најдобри екипи. Троен стрелец за „нераѕурите“ беше Лаутаро Мартинез, кој уште во првото полувреме двапати ја затресе мрежата и еднаш во другиот дел. Спротивно на својот градски ривал, Милан одигра разочарувачки натпревар и загуби од Динамо Загреб со 2-1, со што остана без место во нокаут фазата. Домаќинот на „Максимир“ поведе преку Матео Батурина во 19. минута, а работите за „росонерите“ се влошија кога Јунус Муса заработи црвен картон. Иако Кристијан Пулишиќ во вториот дел израмни, Марко Пјаца на крајот донесе триумф за Динамо. Сепак, и покрај победата, хрватскиот тим не успеа да избори понатамошен пласман поради лошата гол разлика. Милан пак, заврши на 13. место и ќе мора да одигра разигрување. Јувентус доживеа пораз на домашен терен, губејќи од Бенфика со 0-2. Португалците славеа со головите на Вангелис Павлидис и Орхан Кокчу, додека Болоња ремизираше против Спортинг (1-1). Реал Мадрид славеше со 0-3 на гостувањето кај Брест. Родриго го отвори резултатот, Џуд Белингем ја дуплираше предноста, а Бразилецот во 78. минута уште еднаш се запиша во листата на стрелци. Во својата последна европска пресметка оваа сезона, Црвена Звезда ја совлада екипата на Јанг Бојс со 0-1. Херој на белградскиот тим беше Гејлор Канга, кој го постигна единствениот гол на натпреварот.

Standings provided by Sofascore

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.