Милан му нанесе тежок пораз на Интер и ќе игра финале во Купот на Италија (ВИДЕО)

April 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан му нанесе тежок пораз на Интер и ќе игра финале во Купот на Италија (ВИДЕО)

По петнаесетти пат во својата историја, Милан избори финале во Купот на Италија – овојпат по убедливо дерби триумф над Интер со 3:0. Големото „Дерби дела Мадонина“ донесе спектакл, а „росонерите“ по ремито од 1:1 на првиот натпревар, вечерва доминираа и први се пласираа во финалето. Српскиот напаѓач Лука Јовиќ блесна во вистинско светло и стана херој на вечерта, реализирајќи два гола и носејќи еуфорија меѓу навивачите на Милан. Првиот погодок го постигна во 36. минута, а само неколку минути по почетокот на второто полувреме повторно ја затресе мрежата на Интер, каде голманот Мартинез не можеше да направи ништо. Во финишот од натпреварот, Рајндерс стави печат на победата со трет гол во 85. минута, потврдувајќи го пласманот на Милан во финалето. Последно финале во ова натпреварување Милан го одигра во 2018 година, додека последниот освојувачки подвиг датира од 2003.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.