Милан направи брз пресврт и успеа да слави кај Џенова (ВИДЕО)

May 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан направи брз пресврт и успеа да слави кај Џенова (ВИДЕО)

Милан оствари важна победа со пресврт на гостувањето кај Џенова, славејќи со 2-1 по динамично второ полувреме. Иако домаќините први поведоа преку Витиња во 61. минута, „росонерите“ брзо реагираа и со два брзи гола дојдоа до цел плен. Израмнувањето го донесе Рафаел Леао во 76. минута по прецизна асистенција од Хименез, а само една минута подоцна Милан целосно го сврте резултатот – овојпат со малку среќа, откако Френдруп несреќно ја затресе сопствената мрежа. Со оваа победа, Милан останува во трката за висок пласман, додека Џенова пропушти шанса да дојде до значајни бодови на домашен терен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.