Милан не планира да го откупи Жоао Феликс на крајот од сезоната

March 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан не планира да го откупи Жоао Феликс на крајот од сезоната

Португалскиот напаѓач Жоао Феликс добро стартуваше, но не успеа да остави силен впечаток во Милан. Иако „росонерите“ му платија на Челси 5,5 милиони евра за неговата позајмица, со намера на крајот на сезоната да го откупат, ситуацијата се промени бидејќи во последниот период тој не игра на посакуваното ниво. Со тоа, Феликс во јуни ќе мора да се врати во Лондон, бидејќи сè уште има важечки договор со Челси. Претходно, не успеа да се наметне ниту во Атлетико Мадрид, Барселона и Челси, иако блесна како голем талент во португалскиот гигант Бенфика.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.