July 20, 2025 | | Свет
Долго се најавуваше тивко, но од денес работите стануваат многу појасни – Милан тргна по Душан Влаховиќ! Италијанските медиуми објавуваат дека клубот од „Сан Сиро“ веќе има конкретна понуда за српскиот голгетер, кој е на излезна врата од Јувентус. Влаховиќ влегува во последната година од договорот со „старата дама“, а и клубот и самиот играч сакаат трансфер уште ова лето. Новиот стратег на Милан, Масимилијано Алегри, кој веќе има работено со Влаховиќ, смета дека токму тој е вистинскиот напаѓач што ќе ги врати „росонерите“ на врвот на Серија А. Според „Газета дело Спорт“, Милан подготвил понуда вредна 6 милиони евра по сезона – значително помалку од тоа што Влаховиќ би заработил доколку остане во Јуве. Но, пакетот вклучува големи бонуси за голови, титули и настапи во Лигата на шампиони. Се очекува „бјанконерите“ да бараат 19,5 милиони евра отштета, но Милан ќе се обиде да ја намали сумата со оглед на краткиот рок од договорот на Влаховиќ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |