September 15, 2025 | | Свет
Масимилијано Алегри во својата втора етапа на клупата на Милан стартуваше со два триумфа и еден пораз во Серија А. Најновата победа „росонерите“ ја запишаа против Болоња на „Сан Сиро“ со минимални 1-0. Италијанскиот стратег, кој често е препознатлив по бурните реакции на судиските одлуки, повторно го покажа својот темперамент. Во завршницата од натпреварот, кога беше променета одлуката за пенал во корист на Милан, Алегри изреагира нервозно и во стилот по кој е препознатлив – лутината ја изрази со симнување на палтото покрај аут-линијата. Овој потег предизвика реакции и на трибините и на социјалните мрежи, каде навивачите коментираа дека „Алегри навистина се врати во Милан“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |