June 27, 2025 | | Свет
Како што пренесува „Спортмедиасет“, Милан сериозно влегува во трката за потписот на Виктор Ѓекереш, шведскиот голгетер кој блеска во дресот на Спортинг. „Росонерите“ имаат амбициозен план – по продажбата на неколку клучни играчи, буџетот за засилувања ќе порасне на речиси 150 милиони евра. Игли Таре, новиот архитект на миланскиот проект, го посочил Ѓекереш како идеално засилување во нападот. Иако конкуренцијата е жестока каде Арсенал и Манчестер Јунајтед се веќе во игра – Милан верува дека може да понуди повеќе од само финансии: престиж, важна улога во тимот и шанса да биде носител на новата генерација на „Сан Сиро“. Цената на шведскиот напаѓач изнесува околу 70 милиони евра, но „росонерите“ планираат да соберат средства преку заминувањата на Рејндерс, Чао, Мората и Тео Ернандез. Покрај Ѓокереш, Милан разгледува и други имиња за засилување на офанзивната линија – меѓу потенцијалните алтернативи се Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Матео Ретеги.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |