Милан пред избор: Хојлунд или Влаховиќ – Капело има јасен фаворит

August 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан пред избор: Хојлунд или Влаховиќ – Капело има јасен фаворит

Милан во завршницата на летниот преоден рок активно бара напаѓач кој ќе ги исполни критериумите на тренерот Масимилијано Алегри. Две имиња кои најчесто се споменуваат се Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус. На оваа тема зборуваше легендарниот италијански тренер Фабио Капело, кој смета дека Хојлунд би бил попогоден избор за „росонерите“. „Ми се допаѓа Хојлунд затоа што има квалитет и веќе се докажа во Италија. Брз е, добро се движи, умее да се снајде во шеснаесетникот и создава големи проблеми за одбраните. За мене тој би бил прв избор поради физичките и техничките карактеристики, способноста да игра за тимот и познавањето на Серија А,“ изјави Капело. За Влаховиќ, пак, Капело беше покритичен. „Сите знаеме колку е добар, но прашањето е неговата психолошка состојба. Не е на нивото кое го имаше во Фиорентина, има технички ограничувања, слаба контрола на топка и недостиг на дриблинг. Дополнително, неговата плата од 12 милиони евра годишно може да создаде проблеми во соблекувалната. Играчите многу зборуваат за вакви работи.“ Според медиумите, Милан веќе има постигнато договор со Јунајтед за трансфер на Хојлунд, но играчот се уште се двоуми околу враќањето во Италија. Од друга страна, Влаховиќ бара енормна плата која во моментов е речиси невозможна, дури и за големите европски клубови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.