March 15, 2025 | | Свет
Милан со пресврт во второто полувреме успеа да извојува значајна победа против тврдоглавиот Комо (2-1) во рамките на 29. коло од Серија А. Гостите први дојдоа до водство благодарение на прекрасниот гол на Лукас Да Куња, со што „росонерите“ заминаа на одмор со негатива. Сепак, продолжението донесе сосема поинаков пристап од страна на домаќинот, кој не само што успеа да ја неутрализира предноста на Комо, туку и да направи целосен пресврт. На самиот почеток на вториот дел, Комо постигна уште еден погодок, но истиот беше поништен поради офсајд. Ова беше сигнал за Милан да го засили темпото, а резултатот од таа иницијатива се виде во 53. минута, кога Кристијан Пулишиќ погоди за израмнување. Потоа, во 75. минута, Тиџани Рајндерс го постигна победничкиот гол, поставувајќи ги конечните 2-1. Екипата на Сеск Фабрегас остана со играч помалку во финишот, откако Деле Али доби црвен картон само девет минути по неговото деби во Серија А. И покрај тоа, Комо успеа да избегне поубедлив пораз, иако беше под силен притисок во завршните моменти. Со овој триумф, Милан сега има 47 бодови и моментално се наоѓа на седмото место на табелата, додека Комо останува со 29 бодови, позициониран на 13. место.
GOOAAAL REIJNDERS 2-1 !!! 🔴⚫️#MilanComo pic.twitter.com/SkgnCOIk7b
— Football Master (@Foot_Masters) March 15, 2025
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |